Спарта Прага убедливо го победи Салцбург, мрежите мируваа во Болоња (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Спарта Прага со 3-0 го победи Салцбург во меч од Лигата на шампионите, немаше голови на мечот меѓу Болоња и Шахтар.

Чешкиот шампион го отвори мечот веќе во втората миута од натпреварот кога Каиринен даде гол за водство од 1-0.

На три минути пред крајот на првото полувреме Олатуњи погоди за предност на Спарта Прага од 2-0.

Конечните 3-0 ги постави Лаци во 58. минута од натпреварот.

Болоња не ја искористи предноста на домашен терен, италијанскиот тим имаше повеќе од играта, создаде голем број на шанси, но не ја затресе мрежата на Шахтар. Мечот заврши 0-0.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани