Рома веднаш го најде наследникот на Де Роси

by bojan
1 минути читање
Јуриќ

Рома има јасни идеи за наследникот на Даниеле Де Роси, за нов тренер ќе биде именува Хрватот Иван Јуриќ, кој ќе добие договор до крајот на годината.

На големо изненадување, Рома утрово соопшти дека е донесена одлука за разделба во Даниеле Де Роси.

Голем број на извори од Италија сега пренесуваат дека веќе е донесена одлука околку наследникот на Даниеле Де Роси.

„Волчицата“ ќе го именува Иван Јуриќ за нов тренер, хрватскиот стратег ќе стави потпис на договор до крајот на годината, со опција соработката да биде продолжена доколку се обезбеди настап во Лигата на шампиони.

Како што пишува новинариот Фабрицио Романо, газдите на Рома сакале тренер од типот на Гасперини, кој знае како да развие млади играчи, тоа ќе биде главниот фокус на нивниот проект и затоа изборот паднал на Иван Јуриќ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани