Белингем ја смирува тензијата во Реал: Само будалите забораваат на Р

by bojan
1 минути читање
Родриго

Изминатиов период се создаде тензија во Реал Мадрид откако Родриго беше изоставен од главното ударно трио, но Џуд Белингем се обиде да ја смири ситуацијата по победата над Штутгарт во Лигата на шампиони.

По трансферот на Килијан Мбапе во Реал Мадрид, медиумите почнаа да пишуваат за новото напаѓачко трио „БМВ“ составено од Белингем, Мбапе и Винисиус.

Ова не му се допадна на Родриго, кој во неколку наврати изрази незадоволство и го крена гласот.

По синоќешната победа над Штутгарт во Лигата на шампиони, Џуд Белингем се обиде да ја смири ситуацијата.

Родриго на социјалните мрежи сподели фотографија од славје со Белингем и Мбапе, а Англичанецот во коментари напиша: „Само будалите забораваат на Р“.

Џуд Белингем со ова сакаше да покаже дека тие го сметаат Бразилецот за клучен дел од тимот и го ценат неговиот придонес.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани