Касемиро се обиде да го спречи Гарначо да прослави како Роналдо, но Аргентинецот беше упорен! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Гарначо даде два гола во вчерашната победа на Манчестер јунајтед над Барнсли од 7-0, а аргентинскиот фудбалер повторно беше во центарот на вниманието поради начинот на прослава на гол.

Гарначо направи една од прославите на Роналдо, истото го стори и на претходниот меч на кој даде гол.

Пред само некое време Роналдо имаше изјава против Тен Хаг, па затоа и прославите на Гарначо како Португалецот во моментов може да се толкуваат на различен начин.

Пред некој ден Бруно Фернандеш јавно му рече на Гарначо дека е навистина глуп затоа што во овој момент на таков начин ги слави головите.

А вчера Касемиро се обиде да го спречи да направи таква прослава, но беше безуспешно.

Друга верзија од случката може да видите на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани