„Јас постигнав 11 погодоци во 11 години, Халанд постигна 9 погодоци на 4 натпревари“

by bojan
1 минути читање

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола вели дека е среќен со формата на Ерлинг Халанд и ги насмеа новинарите со споредбата на неговата статистика и онаа на Норвежанецот.

Ерлинг Халанд против Интер има шанса да го собори рекордот на Кристијано Роналдо и да стане играчот кој најбрзо стигнал до 100 погодоци во дресот на еден клуб, во моментов напаѓачот има 99 погодоци на 103 натпревари во Манчестер Сити.

Па Пеп Гвардиола на денешната средба со новинарите беше запрашан дали напаѓачот може да се подобри во иднина.

„Сигурно дека може, но доколку ми кажете дека ќе постигне 99 погодоци на следните 100 натпревари, ќе бидам повеќе од среќен“ – рече тренерот на Манчестер Сити.

„Колку повеќе натпревари игра, толку повеќе ќе се подобрува на природен начин“.

Запрашан дали е изненаден од голгетерскиот учинок на Норвежанецот, Пеп Гвардиола вели: „Секако дека сум“.

„Па јас играв 11 години и постигнав 11 погодоци. Тој успеа да постигне 9 погодоци во само 4 натпревари“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани