Како што пренесува весникот Спорт, Чави бил погоден од коментарите на Педри, кој по победата над Жирона упати многу пофални зборови за Ханси Флик.
Барселона одлично ја почна сезоната под водство на Ханси Флик, беа забележани 5 победи на исто толку натпревари во Ла Лига.
Педри, кој постигна гол во триумфот над Жирона во последното коло, смета дека голема заслуга за ова има токму тренерот Ханси Флик.
„Сега работиме многу повеќе од претходно. Мислам дека фитнес тренерот кој дојде, одлично си ги врши задолженијата. Сега работиме многу понапорно и тоа се гледа на натпреварите. Тимот не паѓа по 70-тата или 80-тата минута, напротив игра на исто ниво цел натпревар. Флик ни дава голема самодоверба, јас особено имам голема слобода во играта. Флик ми порача дека треба да играм без притисок, да играм како што умеам и да бидам послободен“ – рече Педри.
Како што пренесува Спорт, ваквите зборови тешко го погодиле Чави, поранешниот тренер на Барселона и неговите соработници се изненадени од изјавата на Педри и на ова гледаат како директен напад врз нив.
Тие исто така се сомневаат дека влијателна личност блиска до Лапорта ги „труе“ играчите, и води своја кампања против Чави.