118
Италијанскиот фудбалски шампионат по четири рунди има изненадувачки лидер, а тоа е екипата на – Удинезе!
Популарните „Зебри“ славеа на гостувањето кај Парма со 2-3, иако на полувреме заостануваа со два гола на „Енио Тардини“.
Резултатот го отвори Дел Прато уште во втората минута, а во 43. Бони успеа да удвои на 2-0. Парма делуваше дека има контрола, меѓутоа во вториот дел следеше целосен пресврт. На 2-1 по четири минути игра намали Лука. Тогаш на сцена стапи искусниот Флорен Тован кој со два гола за Удинезе донесе пресврт и конечен триумф на својот тим.
Со 10 бода екипата на Удинезе е лидер во првенството, има еден повеќе од Наполи, додека по осум бода имаат Интер, Јувентус и Торино.