Арне Слот го доби првиот удар во Премиерлигата, по одличниот старт на сезоната, Ливерпул денеска загуби три бода на свој терен откако загуби од Нотингем форест со 1-0, Манчестер Сити со пресврт дојде до триумф од 2-1 над Брентфорд.
Ливерпул имаше доволно шанси за гол, доминираше во најголемиот дел од мечот, особено во првото полувреме, но не го искористи тоа што го создаде.
Казната стигна во 72. минута кога Хандсон Одои постигна гол за водство на Нотингем форест од 1-0, што беше и конечен резултат.
Брентфорд го шокираше Манчестер Сити по само неколку секунди игра кога Виса постигна гол за водство од 1-0.
Но, граѓаните брзо се вратија. Во 20. минута Халанд израмни на 1-1, а 12 минути подоцна Норвежанецот даде уште еден гол за комплетен пресврт и победа од 2-1.
Интересно беше на мечот меѓу Кристал Палас и Лестер кој заврши 2-2. Гостите имаа предност од 2-0 со голови на Варди и Мавидиди, домаќините дојдоа до реми со два погодоци на Матета, последниот беше во судиското продолжение од мечот.
Брајтон не успеа на свој терен да го совлада Ипсвич, мечот заврши 0-0, немаше победник ниту на мечот меѓу Фулам и Вест Хем кој заврши 1-1.