234
Пеп Гвардиола вели дека Ерлинг Халанд може да земе слободни денови, да тагува за смртта на блискиот пријателот Ивар Егја и да не игра против Брентфорд.
Ерлинг Халанд овој викенд може да стане првиот фудбалер во историјата на Премиерлигата кој постигнал хет-трик на три натпревари во низа.
Последен пат, ваков подвиг во најсилното првенство на Англија имало во далечната 1946 година.
Сепак, Пеп Гвардиола вели дека Норвежанецот може да земе слободни денови и да тагува за смртта на блискиот пријател Ивар Егја.
„Ова се тешки денови за Халанд и неговото семејство. Нашите мисли се со него и неговото семејство. Ќе видиме дали утре ќе биде ментално подготвен да игра“ – вели Пеп Гвардиола.