Килијан Мбапе во 2022 прифатил трансфер во Ливерпул, „црвените“ понудиле 200 милиони евра за негов ангажман но ПСЖ одбил да го продаде напаѓачот.
Медиумите од Франција денеска пишуваат за тоа како Килијан Мбапе бил блиску до преселба на Енфилд.
Летото во 2022 година, напаѓачот бил разочаран од настапот на ПСЖ на трансфер пазарот, тоа што „светците“ не ги исполниле ветувањата за ангажман на Роберт Левандовски и Бернардо Силва, па побарал да замине од Париз.
Килијан Мбапе прифатил трансфер во Ливерпул и си подал рака со „црвените“, а клубот од Енфилд понудил 200 милиони евра.
Двете страни наводно имале и дил дека на напаѓачот ќе му биде дозволено за неколку години да направи трансфер во Реал Мадрид.
Сепак, една ваква зделка никогаш не се реализираше, ПСЖ не сакал да слушне за продажба на Килијан Мбапе.