Македонија од третиот шешир на изменетите квалификации за СП 2026

by 24 фудбал
1 минути читање

Во март следната година ќе стартуваат квалификациите за Светското првенство кое летото во 2026 година ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.

Македонија на извлекувањето за квалификациските групи ќе се појави од третиот шешир. Тоа значи дека од секоја јакосна група, нашата селекција ќе има по еден противник, а од последниот петти шешир е опционо.

Квалификациите за Мундијалот се менуваат поради зголемениот број на европски селекции на завршниот турнир (од 13 на 16). Репрезентациите ќе бидат поделени во 12 групи, по четири или пет во една, односно од секој шешир по една селекција. Првопласираните 12 ќе се пласираат на Мундијалот, додека останатите ќе играат бараж.

  • Шешири пред ждрепката за квалификациите за СП:

Прв шешир: Франција, Англија, Шпанија, Холандија, Португалија, Италија, Германија, Хрватска, Швајцарија, Данска, Австрија

Втор шешир: Украина, Шведска, Полска, Турција, Унгарија, Велс, Србија, Словачка, Грција, Норвешка, Романија

Трет шешир: Македонија, Словенија, Шкотска, Финска, Грузија, Албанија, Ирска, Исланд, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Израел, Чешка

Четврти шешир: Ерменија, Косово, Белорусија, Фарски Острови, Бугарија, Естонија, Литванија, Финска, Кипар, Казахстан, Азербејџан, Летонија

Петти шешир: Сан Марино, Малта, Андора, Лихтенштајн, Молдавија, Гибралтар

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани