Во Германија сите беа изненадени кога Јамал Мусиала не се најде меѓу најдобрите 30 фудбалери кои беа номинирани како кандидати за Златната топка.
На вчерашниот меч против Унгарија, Мусиала уште еднаш потсети на својот квалитет откако даде гол и имаше дури три асистенции.
Неговиот перфектен настап дополнително го зголеми револтот кај Германците поради направената неправда.
„Не разбирам кои критериуми ги користат за да ја направат листата за Златната топка. Најдобрите фудбалери треба да бидат таму, а Мусиала дефинитивно е еден од нив. Денеска повторно го покажа тоа“, вели Кимих.
Мусиала беше фантастичен на Европското првенство, тој беше најдобар стрелец заедно со уште неколку играчи. Вчера пред почетокот на мечот му беше доделена таа награда.