Тежок пораз на ЖФК Љуботен во квалификациите за ЛШ, Валур победи со 10-0!

by riste
1 минути читање

На колку ниско ниво е женскиот македонски фудбал показател е настапот на нашиот шампион Љуботен во квалификациите за Лигата на шампионите.

Љуботен не успеа да го мине првото квалификациско коло откако доживеа вистински дебакл од исландскиот тим Валур кој славеше со 10-0, со по пет голови во двете полувремиња.

Исланѓанките беа фаворити во овој дуел, но не се очекуваше толку убедлив пораз на Љуботен.

Покрај тоа што прими 10 голови, македонскиот шампион не успеа да упати ниту еден директен удар во рамките од голот на противникот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани