Црвена Звезда не се шегува, доаѓаат Круниќ, Радоњиќ и Мвумпа за ЛШ!

by 24 фудбал
1 минути читање

Црвена Звезда во последниот ден од трансфер периодот во Србија е пред промоција на три големи засилувања кои ќе помогнат во Лигата на шампионите.

Се очекува потписи со српскиот првак да стават Силас Катома Мвумпа, Раде Круниќ и Немања Радоњиќ.

Доскорешниот фудбалер на Штутгарт, Силас Катома Мвумпа е на чекор од трансфер во Црвена Звезда. Српскиот првак го подготвува тимот за настап во Лигата на шампионите. Според српските медиуми, Мвумпа доаѓа во Белград на позајмица, а Звезда ќе има право да го откупи неговиот договор за рекордни 10 милиони евра.

Круниќ доаѓа од Фенербахче, а претходно настапуваше четири ипол години за Милан. Со сигурност тој може да биде лидер на средниот ред на Црвена Звезда.

Од друга страна, уште едно засилување за офанзивата е Радоњиќ кој минатата сезона беше позајмен во Мајорка, а доаѓа од редовите на Торино. И тој зад себе има настапи за многу клубови, а меѓу најзвучните се Рома, Марсеј, Бенфика…

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани