Легендарниот Марко ван Бастен смета дека Винисиус Жуниор бил тој кој иницирал конаткт со голманот на Бетис па не требало да биде досуден пенал во полза на Реал Мадрид, додава дека еден од проблемите е тоа што во ВАР собата седат луѓе кои никогаш не играле фудбал.
Реал Мадрид синоќа со 2-0 го совлада Бетис на „Бернабеу“ со два гола во второто полувреме од натпреварот.
Мбапе го отвори резултатот во 67. минута, и потоа ги потврди трите бода во 75. минута со гол од пенал, кој беше досуден под контроверзни услови.
Во прв момент, главниот судија не го сакнционираше контактот помеѓу голманот на Бетис и Винисиус Жуниор и досуди офсајд, но потоа беше повикан од ВАР собата убаво да ја види целата ситуација со оглед на тоа дека Бразилецот беше во легална позиција при додавањето.
На крајот Алберола Рохас покажа на белата точка, а Килијан Мбапе не погреши и стрелаше аз 2-0.
Ова не му се допадна на легендарниот Марко ван Бастен, кој го работеше натпреварот како стручен коментатор за Зиго Спорт.
„Винисиус е тој кој го иницира контактот, па тој го удира голманот во нозе, голманот не направи ништо. Колку треба да сте глупав за да сметате дека ова е пенал? Ова е класичен пример за тоа дека луѓето во ВАР собата никогаш не играле фудбал. Ако играле, ќе знаат дека ова не е пенал“ – вели Холанѓанецот.