На Рома и се нуди богатство за Манолас и Паредес

by
1 минути читање

Руски Зенит е на
чекор да ангажира двајца фудбалери на Рома кои играат претежно во дефанзивна
улога, станува збор за Гркот Костас Манолас и Аргентинецот Леандро Паредес.

Италијанскиот
стратег од клупата на тимот од Санкт Петерзбург, Роберто Манчини наводно ги известил
челниците на Зенит дека ги пикирал Манолас и Паредес како клучни засилувања
летово.

„Скај Спорт“
известува дека Зенит во пакет сака да ги ангажира Манолас и Паредес за сума од
околу 65 до 75 милиони евра.

Ова ќе биде тешка
одлука за Рома, и двајцата фудбалери имаат важечки договори со клубот до 2019. година,
Манолас вреди 30 милиони евра на трансфер пазарот, додека Паредес 13 милиони
евра, нема дилеми дека и двајцата се дел од костурот на екипата во одличните
резултати кои ги прикажува.

Од ова што го гледаме, Зенит има јасна намера, да ги засили своите редови на начин на кој доликува на клуб кој има цел да јуриша на титулата во Русија, во изминатата сезона тоа не им успеа, завршија на третото место со осум бода негатива во однос на Спартак од Москва, но изборија место во Европа Лигата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани