Алексис Санчез испиша историја, без победник во Казан (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Во Казан, Чиле и
Германија ги поделија бодови, резултат кој веројатно им одговара на двете
селекции по воведните победи над Камерун, односно Австралија.

Алексис Санчез
погоди во 6. минута за предност на „Ла Роха“. Со овој гол, фудбалерот на
Арсенал стана најдобар стрелец во историјата на Чиле.

Штиндл изедначи
по една одлична акција на „Панцирите“ во 41. минута.

Во продолжението
од средбата, ниту Чиле ниту пак Германија не се обиде да изврши посериозен притисок
врз противникот, па конечниот резултат гласеше 1-1.

И првиот денешен
натпревар од Групата Б заврши со идентичен резултат, Камерун и Австралија
одиграа 1-1.



Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани