Барселона се поблиску до реализација на долго најавуваниот трансфер

by
1 минути читање

Познато е дека
Барселона имаше обид да го ангажира Осман Дембеле, но истиот беше
неуспешен, Борусија Дортмунд лани го ангажираше 20 годишниот Французин од
редовите на Рен за сума од 12 милиони евра, во моментов неговата вредност на
трансфер пазарот изнесува 33 милиони евра, според информациите кои се објавени
на „трансфермаркет“.

Шпански „Спорт“
под насловот „Дембеле се поблиску да ги засили редовите на Барселона“ наведува
дека каталонскиот гигант е се поблиску до реализација на посакуваниот трансфер
ова лето.

Како причина за
ефикасност во преговорите, Барселона наводно ќе го искористи триото Меси,
Суарез, Нејмар, кое ќе се служи како „мамка“ за да се убеди талентираниот
Французин, триото е одлична причина да се убеди било кој фудбалер да дојде на „Камп
Ноу“, пишува „Спорт“.

Во мисијата да се
доведе Дембеле во редовите на Барселона ова лето наводно ќе се вклучи и Самуел
Умтити, кој е близок пријател со својот колега од репрезентацијата на Франција.

Вреди да се
потенцира дека бундеслигашот ќе има одличен простор за преговори за да добие
фантастична сума на обештетување за да се ослободи од својот фудбалер, со кого
има договор до 2021. година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани