Нови обиди на Милан да го убеди Донарума да остане, во мисијата се вклучува Монтела

by
1 минути читање

Нови информации
пристигнуваат на мошне актуелната тема поврзана со Џиџи Донарума, 18 годишниот
голман на Милан кој одби продолжување на соработката со клубот на подолг
период, актуелниот договор му истекува идното лето, клубот прави напори да
стави потпис на нов.

Наводно, во
мисијата да се убеди Донарума да потпише нов договор се вклучил и стратегот од
клупата на Милан, Винченцо Монтела, кој наводно се сретнал со таткото на
талентираниот голман.

„Газета дело
Спорт“ наведува дека Монтела бил забележан во родното место на Донарума, каде
наводно бил да се сретне со неговиот татко, воедно и неговото потесно
опкружување во семејството, каде јасно ја пренел пораката на клубот во намерата
преку Донарума да го гради новиот Милан, кој во последниот период е доста
активен на трансфер пазарот откако премина во рацете на богатите кинески газди,
во мисијата да се врати клубот на старите патеки.

Се чини дека на
потег е токму голманот кој има доволно време за да размисли за својата иднина,
дали да ја прифати подадената рака на Милан, или пак да чека на официјалната
понуда од Реал Мадрид, сосема е јасно дека европскиот првак е најзагреан во
намерите да го добие Донарума во своите редови, во кого гледа решение за подолг
рок на голманската позиција.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани