По репрезентативните обврски, Роналдо на маса со Перез, веќе се шпекулира за идниот клуб на Португалецот

by
1 минути читање

Според
информациите кои ги пренесува мошне влијателниот медиум во Шпанија, се вели
дека по крајот на Купот на Конфедерациите, каде Кристиано Роналдо настапува за
својата селекција Португалија, ќе следи средба со претседателот на Реал Мадрид,
Флорентино Перез.

Наводно, на
предвидената средба, на маса ќе се изнесат сите опции околу иднината на
Португалецот, кој се поизвесно е дека има нескриена желба да го напушти
европскиот првак летово.

Информациите кои
ги пренесува „Марка“ говорат дека Роналдо на средбата со Перез има намера да ја
разгледа опцијата „ПСЖ“, односно ќе се разговара околу можниот премин на
Портулецот во францускиот вицешампион кој има јасна намера да го види во своите
редови ова лето.

Цената која тимот
од Париз треба да ја исплати како обештетување за Роналдо се чини дека нема да
биде проблем, со оглед на богатиот буџет со кој располага францускиот клуб.

Перез нема така
лесно да се откаже од својот најдобар фудбалер, „Марка“ открива дека првиот
човек на Реал Мадрид најнапред ќе се обиде да го убеди Роналдо да остане во
клубот, но доколку тоа не успее јасно е дека цената која заинтересираните
клубови за неговите услуги треба да ја платат изнесува над 200 милиони евра.

Интерес за
Роналдо има и од Кина, но намерите на Португалецот се јасни, да остане на
Европско тло, 32 годишниот фудбалер нема да се штеди во напорите да освојува
уште трофеи во Европа во иднина.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани