Младите фудбалери
на Германија одиграа фантастичен натпревар против нивните врсници од
селекцијата на Данска, целосно ги срушија надежите на противникот за евентуално
изненадување и прогрес во полуфиналето од Европското Првенство во Полска за
фудбалери до 21 година.
Германија славеше
со убедливи 3-0 во второто коло од групата „Ц“ со погодоците на Селке (52’), Кемпф (72’) и Амири (78’).
Goal Selke (1:0) Germany U21 vs Denmark U21by ylberenexhipi
Goal Kempf M. (2:0) Germany U21 vs Denmark U21by ylberenexhipi
Goal Amiri N. (3:0) Germany U21 vs Denmark U21by ylberenexhipi
Со овој убедлив
триумф избраниците на Кунц го презедоа лидерското место во групата со
максимални 6 бода, следат Чешка и Италија со по 3, односно Данска засега без
бодови.
Во следното коло
од оваа група се среќаваат Чешка – Данска, односно Италија – Германија, и двете
средби се играат во сабота во терминот од 20 часот и 45 минути.
Фото-вест:
uefa.com