158
Вуд ја доведе
селекцијата на Нов Зеланд во почетно водство од 0-1 во 42. минута на мечот во
Сочи.
Сепак, Мексико
потешко од очекувањата ја оправда фаворитската улога, најнапред Хименез во 54. минута
израмни на 1-1, за потоа Пералта во 72. минута целосно да го сврти резултатот
во полза на Мексико кој сега е на делба на првото место заедно со Португалија
откако во претходното коло во меѓусебниот дуел со оваа селекција ремизираше со
2-2.
Мечот во Сочи во
негативна конотација го одбележа самиот финиш, каде дојде до тежок инцидент кој
по нервозата на теренот на обете страни дојде до физичка пресметка помеѓу
фудбалерите на двата тима.