Фиорентина ја одреди цената за Калиниќ, Милан утре ја носи конечната одлука за Хрватот?

by
1 минути читање

„Калчомеркато“
пренесува дека преговорите за Никола Калиниќ помеѓу Фиорентина и Милан се веќе
почнати денеска, помеѓу претставници на двата клуба, истите ќе продолжат во
текот на утрешниот ден.

Информациите кои
пристигнуваат од Италија говорат дека Фиорентина нема намера да го пушти својот
фудбалер за сума под 30 милиони евра, цената која Милан треба да ја плати за
Хрватот е веќе позната, на потег е тимот од Милано.

Фиорентина е во добра позиција на преговорите од причина што Калиниќ има важечки договор со клубот до 2019. година, репрезентативецот на Хрватска има одлична вредноста на трансфер пазарот (20 милиони евра, според трансфермаркет).

Се поизвесно е
дека на излезна врата од Милан летово се Карлос Бака и Џанлука Лападула, за кои
најверојатно нема место во големиот проект на „новиот“ Милан кој гради
амбициозен тим за следната сезона откако премина во рацете на богатите кинези.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани