Поранешниот
претседател на Милан, Силвио Берлускони проговори на доста актуелната тема изминатиов период – Џанлуиџи
Донарума и неговата одлука да не стави потпис на нов договор со тимот од
Милано, актуелниот истекува идното лето.
„Јас би направил
се што можам да издејствувам да не си замине од клубот, но морате да го
разберете момчето кој има голема шанса во животот, во случај со апсолутен
професионалец кој има животна шанса, воедно и неговото семејство да заработи
100 милиони, кој не би се однесувал како него… Тука причините треба да се бараат во срцето…
Има шанси да се убеди, доколку се биде во ред и се следи разумот, мислам дека
јас би нашол начин да го задржам во клубот“ изјави Берлускони.
Извршниот директор на Милан, Марко Фасоне во денешното интервју за официјалниот клупски канал на клубот на „Youtube“ откри детали од текот на преговорите помеѓу тимот од Милано и Мино Рајола, агентот на Донарума, наводно голманот два дена пред конечната средба со Рајола му се доверил на првиот човек на Милан во однос на неговите желби и планови околу преговорите.