Интер се повлекува од трката за Берарди?

by
1 минути читање

„Калчомеркато“
пренесува дека Интер се откажал од трката за ангажман на Доменико Верати, како
главна причина за ова го наведува Антонио Кандрева, наводно новиот стратег на
клупата на Интер, Лучијано Спалети во Кандрева гледа идеално решение за
следната сезона во почетниот состав, и немал намера да се фокусира на Берарди.

Кандрева беше во
фокусот на вниманието минатиот трансфер период, зимоска кога Интер доби понуда
вредна 30 милиони евра од премиерлигашот Челси, понуда која беше експресно
одбиена со наведена причина дека репрезентативецот на Италија не е на продажба.

Доколку се има
предвид фактот што на спротивната офанзивна крилна позиција игра Перишиќ за
кого се поизвесно е дека ќе се пресели во Манчестер јунајтед летово, од друга
страна Интер ќе добие одлична понуда за него, но се чини дека не сака да
ризикува се дури не се официјализира сево ова.

Берарди има
важечки договор со Сасуоло со важност до 2019. Година, 22 годишниот фудбалер на
трансфер пазарот има вредност од околу 25 милиони евра, според „трансфермаркет“.

Крилото на
Сасуоло, кој воедно може да игра и во шпицот на нападот, инаку беше во
косопственост на Јувентус, но тој јавно говореше околу тоа колку е голем
навивач на Интер, јасно ставајќи дознаење за неговите желби. Ова беше голема
пречка за италијанскиот шампион во своите амбиции целосно да го откупи
договорот на напаѓачот лани.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани