186
Во минатото исклучителна реткост во македонското првенство беа натпреварите кои се играа во вечерен термин, оваа сезона има таков во секое од првите три кола.
Овојпат Брера во Струмица од 20 часот во недела ќе ја пречека екипата на Шкендија.
Струмичкиот тим и во првото коло играше во вечерен термин, тогаш со 3-1 го совлада Вардар.
Во изминатото коло Вардар и Пелистер го играа дербито под рефлектори.
Останатите натпревари од третото коло се играат во термин од 16 часот, а се среќаваат: Шкупи – Вардар, Работнички – Струга, Беса – Тиквеш, Пелистер – Силекс и Воска – Гостивар.