Eкипата на Лестер само тшо се врати во Премиер лигата ,а веќе би можела да биде казнета и тоа со двојно одземање на бодови.
Првиот меч во Премиер лигата по враќањето Лестер ќе го игра против Тотнем, меѓутоа може да се соочи со одземање на бодови поради финансискиот фер-плеј.
Како што се наведува клубот во текот на минатата сезона во која играше во Чемпионшип трошел многу повеќе од предвиденото.
Меѓутоа и тоа не е се. Од 2020 до 2023 година тие беа во минус од 215 милиони фунти, а во сезоната 20222/2023 имаа загуба од 105 милиони евра, па би можеле да заработат и уште една казна поради надминување на границите.
Се уште не е познато колку бодови би можеле да им бидат одземени. Ќе потсетиме, во минатата сезона слична судбина доживеаа Евертон и Нотингем Форест. На Евертон му беа одземени осум, а на Форест четири.
На крајот и во таква ситуација двата клуба се изборија да продолжат да бидат дел од Премиер лигата и оваа сезона.