280
Репрезентативецот на Македонија, Елиф Елмас ќе го пропушти стартот на сезоната во германскиот фудбал.
Лајпциг утре игра натпревар против Есен во рамките од Купот на Германија, а Елмас заедно со Битшиабу и Баумсгартнер нема да биде во комбинација за настап.
Елмас има повреда која не е сериозна, а на терените би требало да се врати наредната недела.
„Елмас, Битшиабу и Баумсгартнер на тренинзите би требало да се вратат следната седмица“, најави тренерот Марко Розе на денешната прес-конференција.
Во таква ситуација Елмас е неизвесен и за натпреварот од првото коло во Бундеслигата во кое Лајпциг ќе се соочи со Бохум на 24. август.