Трабзонспор на нашиот Енис Барди е елиминиран во Лига Европа откако загуби и на гостувањето кај Рапид, Александар Трајковски и Хајдук остана без настап во Европа откако дома загубија од Ружомберок.
Трабзонспор со два порази го заврши настапот во третото коло во квалификациите во Лига Европа, попладнево тимот на нашиот Енис Барди загуби со 2-0 на гостувањето кај Рапид Виена.
Домаќините го контролираа натпреварот поведоа со голот на Сајдл во 77. минута, а Ланг ја потврди победата десет минути подоцна.
Нашиот Енис Барди шанса доби од клупата, влезе во 82. минута, но не можеше да помогне.
Лош ден имаше и Александар Трајковски, кој со Хајдук дома загуби од Ружомберок во Конференциска лига.
Гостите поведоа веќе во 7. минута со автоголот на Шарлија, и некако успеаја да одолеат до последниот свиреж на судијата.
Попусти беа 23-те удари на Хајдук, па тимот предводен од Гатузо мораше да се помири со елиминација во Европа.