Голеада на Шкупи и Воска, Струга во финишот го скрши Тиквеш, Шкендија сигурна

by Стефан
1 минути читање

Шампионот Струга Трим Лум одбраната на титулата во ПМФЛ ја започна со минимална победа против Тиквеш до која стигна со гол во завршницата од натпреварот на Компаоре.

Шкендија лесно ја оправда фаворитската улога и на гости кај Беса забележа триумфод 1:3. По 20 минути игра Шкендија веќе водеше со 0:2 со погодоците на Адеми, Селмани намали на 1:2 пред крајот на првиот дел, додека конечните 1:3 ги постави Бесарт Ибраими во второто полувреме.

Голеада со неочекуван исход видовме на натпреварот помеѓу Шкупи и Воска Спорт кои ремизираа 3:3. Воска на која пред овој натпревар не и се даваа многу шанси можеше и да победи, а Шкупи го избегна поразот со два гола во самата завршница.

Немаше победник и на средбата помеѓу Пелистер и Гостивар (1:1), додека Работнички оствари минимален триумф против Силекс.

Вечерва во последниот натпревар од првото коло се среќаваат Брера и Вардар.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани