109
Бизнисменот од Русија, кој е сопственик на ФК Вардар, РК Вардар и ЖРК Вардар, стана еден од спонзорите на ЦСКА Москва.
Сергерј Самсоненко и неговата обложувалница „Бет Сити“ во следните пет години ќе имаат соработка со еден од најголемите клубови во Русија.
„ЦСКА Москва е најтрофејниот клуб со повеќе од еден век историја, повеќекратен шампион на СССР и Русија“ – вели Сергеј Самсоненко.
„Секако, спонзорство од ваков ранг не е само тактички маркетинг, туку и сериозна инвестиција“.
„Договорот е стратегиски успех за сите страни, Бет Сити ги дели истите цели на ЦСКА и развојот на спортот во Русија“.
„Многу сум задоволен што имаме шанса да соработуваме со клуб од ваков ранг“.