184
Европската куќа на фудбалот попладнево соопшти дека Алваро Мората и Родриго се казнети со по еден натпревар суспензија за скандирањето „Гибралтар е шпански“.
Алваро Мората и Родриго се најдоа на тапет кај УЕФА откако при прославата на Шпанија на титулата од Европското првенство, скандираа „Гибралтар е шпански“.
Европската куќа на фудбалот отвори истрага и покрена обвинение по четири точки, па се очекуваше посериозна казна.
Сепак, попладнево пристигна информација дека Алваро Мората и Родриго се казнети само со по еден натпревар.
Тоа значи дека двајцата нема да настапат на слендиот меч на Шпанија и средбата против Србија во Лигата на нации на 5. септември.