Скапите ѕвезди од Премиерлигата каскаат зад Роналдо, дресот на ЦР7 најпродава во последните пет години

by bojan
1 минути читање

Кристијано Роналдо има продадено најмногу дресови во една сезона во Премиерлигата во последните пет години, зад Португалецот се најдоа скапите ѕвезди како Халанд, Грилиш, Антони и Хојлунд.

Кога Кристијано Роналдо реши да го напушти Јувентус летото во 2021, имаше гласини за негов шокантен трансфер во Манчестер Сити, но на крајот се случи сензационално враќање во Манчестер јунајтед.

Трансферот ги крена на нозе навивачите, па таа сезона најголема продажба забележа дресот со број 7 и презимето на Роналдо.

Едно истражување сега вели дека бројките се недостижни и за скапите ѕвезди како Халанд, Грилиш, Антони и Хојлунд, односно Кристијано Роналдо има продадено најмногу дресови во една сезона во Премиерлигата во последните пет години.

Најблиску бил Ерлинт Халанд во сезоната 2022/23, потоа Џек Грилиш во сезоната 2021/22, Мохамед Салах во сезоната 2021/22 и Алехандро Гарначо во сезоната 23/24.

Во најпродаваните 10 уште се најдоа Маркус Рашфорд 2022/23, Сон Хеунг Мин 2021/22, Антони 2022/23, Фил Фоден 2021/22 и Расмус Хојлунд 2023/24.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани