Македонија од сабота, 17. јуни го започнува настапот на Европското првенство во Полска, македонските надежи ќе играат во групата Б каде се слините селекции на Шпанија, Португалија и Србија.
Момците на Благоја Милевски низ квалификациите покажаа дека можат да се носат со сите селекции, па ако беа подобри од Франција, зошто да можат и од Шпанија, Португалија и Србија.
За шест дена Македонија ќе треба да одигра три силни натпревари, на денешната прес конференција нашите фудбалери ветија дека кога физичката подготвеност ќе затаи, ќе надополни срцето.
Распоредот на натпревари на македонската репрезентација на Европското првенство во Полска:
Сабота (17.06) Македонија – Шпанија 20:45
Вторник (20.06) Македонија – Србија 18:00
Петок (23.06) Македонија – Португалија 20:45
Победниците во сите три групи и најдобрата второпласирана селекција обезбедуваат пласман во полуфиналето.
Фото: ФФМ