Хрватските
медиуми не се штедеа во зборовите опишувајќи го голот на нашиот Стефан
Ристовски во дуелот помеѓу Македонија и Шпанија во Скопје, кој синоќа се одигра
во рамките на квалификациите за СП Русија 2018, во кој гостите славеа со 1-2.
„Ристовски експрес: Најдобриот бек во ХНЛ го пробуши Де Геа“ – пишува „24часа“.
„КАКВО ГОЛЧИШТЕ! Играчот на Ријека ги претрча ѕвездите на Барселона и Реал Мадрид и со бомба го проби голот на Де Геа“ пишува „индекс“.
Македонскиот
репрезентативец, инаку член на хрватска Ријека, бележи фантастична сезона зад
себе, игра во животна форма и се наоѓа на мета на голем број европски гиганти,
меѓу кои се чини дека предничи Спортинг Лисабон од Португалија.
Со Ријека
сезонава освои двојна круна, го освои првенството, воедно и Купот, во целост
рушејќи ја долгогодишната доминација на Динамо Загреб.
Голот на Стефан Ристовски против Шпанија погледнете го – ОВДЕ.