Тетовскиот
прволигаш изминатиов викенд се смести во Словенија, во Моравске Топлице каде е
предвидено да ја обави втората фаза од подготовките во пресрет на настапот во
квалификациите за Лига Европа, откако првата ја обави во Тетово, во својата
база.
Како што стои на
официјалниот клупски сајт, се вели дека стратегот од клупата на Шкендија, Ќатип
Османи има можност да изврши два тренинга дневно со екипата, па така според
плановите, треба да ја подобри физичката подготвеност на фудбалерите, воедно ќе
се тренираат и тактички варијанти.
Три контролни
средби се предвидени за Шкендија во Словенија, но од клубот засега не откриваат
кои се противниците.
Извор/Фото: kfshkendija.com