Данскиот напаѓач, Мартин Брејтвајт сака да го купи Еспањол затоа што сегашните сопственици на клубот не се однесувале добро со него.
Брејтвајт замина како слободен играч од Еспањол и се пресели во Гремио, сега прави математика да го купи клубот од Барселона, информира „Марка“.
Еспањол се врати во најдобрата лига во Шпанија, а Брејтвајт беше еден од клучните играчи за тоа, постигна 22 гола и имаше две асистенции во 39 натпревари.
„Сега треба да уживаме и ќе видиме што ќе се случи во иднина. Не знам ништо, ќе разговарам за тоа во наредните денови. Пред една година клубот ми понуди продолжување, но тоа беше навредливо. Ајде да видиме дали сакаат да останам тука бидејќи понудата која ми ја дадоа пред една година покажа дека тие немаат верба во мене“, ова беше изјавата на Брејтвајт за време на прославата за враќањето на Еспањол во Ла Лига.
За разлика од најголемиот број од фудбалерите, приказната на Брејтвајт кога се парите во прашање е поинаква. Тој не живее од фудбалерската плата, има повеќе бизниси и фудбалот му е како хоби иако е вистински професионалец.
Тој е сопственик на агенција за недвижнини во САД, ресторан во Гава и линија на облека, според „Форбс“ тој е еден од најбогатите фудбалери на денешницата.
Брејтвајт сака да го купи Еспањол и да ги тргне моменталните сопственици од него. Данскиот напаѓач во меѓувреме ќе игра во бразилското првенство и ќе работи на планот да стане мнозински сопственик на акциите на Еспањол.
ПРИКАЗНАТА НА НАПАЃАЧОТ Е ПОИНАКВА ОД ОНИЕ НА ПОВЕЌЕТО ФУДБАЛЕРИ