Македонија загуби
уште еден меч во квалификациите за СП Русија 2018, Шпанија мина како брз воз
низ Скопје и со победата од 1-2 си замина со сиот плен, три бода вредни злато
во битката со Италија за првото место во нашата квалификациска група.
Сепак, нашите
сениори одиграа очајно прво полувреме, тоа е факт, противникот направи предност
од 0-2, па великан од калибарот на Шпанија не си дозволува туку така да
прокоцка таква капитална предност.
Во второто
полувреме гледавме сосема поинаква Македонија, но тоа најмногу доаѓа на грбот
на младиот и суперталентиран фудбалер на Работнички, 17 годишниот Елиф Елмаз, кој на стартот
од вториот дел го замени Стјепановиќ и целосно го смени текот на играта,
бенефитот дојде подоцна со извонредниот гол на Стефан Ристовски.
Селекторот Ангеловски
по мечот не штедеше пофални зборови за „бисерот“ како што го нарече, Елиф
Елмаз, но притоа не се поштеди ниту за дебитантот во првите единаесетмина,
бекот на Пелистер, 23 годишниот Кристијан Тошевски, кој исто така одигра феноменално и во
целост ја оправда довербата на селекторот.
Стефан Ристовски продре како Спиди Гонзалес, Де Геа долго ќе го памети овој гол… (ВИДЕО)
Ангеловски: Имавме преголем респект кон Шпанија, Македонија во Елмаз доби нов бисер
Лопетеги: Одигравме одлично прво полувреме, во вториот дел Македонците беа подобри
Инцидент по мечот во Скопје, навивач влета на теренот во обид да дојде до Серхио Рамос (ФОТО)
Ристе Ѓорѓиевски
Фото: Кочо Сотировски