Гостивар мисли и на иднината, го промовира Кристијан Ѓорѓиевски

by 24 фудбал
0 минути читање

Македонскиот прволигаш Гостивар го промовира новото засилување во името на Кристијан Ѓорѓиевски.

Младиот фудбалер доаѓа од редовите на Македонија Ѓорче Петров, има 17 години и своевремено беше младински репрезентативец на Македонија до 16 и 17 години. Се работи за момче кое потекнува од фудбалската школа на Њу Старс.

Гостиварчани се активни на трансфер пазарот, неодамна ги промовираа Алдаир Дјало и Зени Хусмани, додека се споменува уште едно искусно засилување со богато резиме.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани