167
Борец кој се врати во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ), го создава тимот за новата сезона.
Велешкиот тим се пофали со ангажман на Флорент Османи кој минатата сезона настапуваше за Вардар Неготино.
„Флорент Османи е нов играч на Борец 1919 АД. Фудбалер со огромно прволигашко искуство. Има настапувано за Шкупи, Струга Трим Љум, Гостивар, како и Дрита од Косово. Минатата сезона настапуваше за Вардар Неготино“, информираше Борец.
Претходно во Борец пристигнаа Берат Исмаили, Матеј Цветановски и младиот голман Јакимов.