82
Најдобрата
македонска фудбалска репрезентација во недела на домашен терен во Скопје ја
пречекува селекцијата на Шпанија во шестото коло од квалификациската група „Г“
за пласман на СП Русија 2018.
Од Фудбалската
Федерација на Македонија најавуваат дека на трибините ќе се развиори
најголемото македонско знаме.
Поточно, како што
стои на официјалниот сајт на ФФМ, се вели дека на секое седиште на јужната
трибина ќе бидат поставени картони во црвена и жолта боја со кои ќе се формира
македонското знаме.
Македонија со
една победа и три бода од истата досега, по пет кола е претпоследна, на петтото
место во својата квалификациска група.
Извор/Фото:
ffm.mk