224
Европската куќа на фудбалот поднесе обвиненија по четири точки против Алваро Мората и Родри за скандирањата „Гибралтар е шпански“
При прославата на новата титула од Европските првенства, Алваро Мората и Родри скандираа „Гибралтар е шпански“ и си направија проблеми.
УЕФА веднаш отвори дисциплинска постапка и попладнево извести дека против двајцата фудбалери се покренати обвиненија по четири точки.
Се шпекулира дека Алваро Мората и Родри можат да добијат по два натпревари суспензија, слична казна како оние на Мерих Демирал од Турција, и Мирлинд Даку, кој ги навредуваше Македонците и Србите.