64
Краток беше
одморот за фудбалерите на тимот од Дебар Маало, како што беше најавено
претходно, тимот на Работнички обврските за настапот во квалификациите за
пласман во групната фаза од Лига Европа ги стартува утре (8. јуни) со прозивката на шефот
на стручниот штаб, Виктор Треневски.
Како што стои на
официјалниот клупски сајт, се вели дека Работнички првите неколку денови ќе
работи во Скопје, во својата база, потоа е планирано да се замине на летни
подготовки во Словенија.
Првата фаза од
подготовките ќе ја пропуштат фудбалерите кои имаат репрезентативни обврски.
Извор/Фото:
fkrabotnicki.com