Медиумите од Англија пренесуваат дека Ливерпул бара 55 милиони евра за продажба на Вирџил ван Дајк, цена која е превисока и за богатите клубови од Саудиска Арабија.
Инвестицискиот фонд на Саудска Арабија (ПИФ) подолго време го има Вирџил ван Дајк во својот бележник, и се верува дека ова лето ќе се обиде да го донесе дефанзивецот во еден од четирите клубови под нивна капа (Aл Итихад, Ал Наср, Ал Хилал и Ал Ахли).
Ливерпул е свесен за едно вакво сценарио, па клубот од Енфилд ја одредил цената на Холанѓанецот.
Медиумите од „островото“ пишуваат дека „црвените“ ќе бараат околу 55 милиони евра за разделба со својот капитен.
Оваа цена ги исплаши и богатите Арапи, кои сметаат дека сумата од 55 милиони евра е превисока за фудбалер кој има 33 години и ги одработува последните 12 месеци од договорот.
ПИФ е подготвен да почека уште шест месеци и во јануари да потпише пред-договор со Ван Дајк и потоа беспари да го добие следното лето.