173
Иван Ракитиќ следната сезона ќе настапува за екипата на Хајдук, а во текот на попладнето тој пристигна во Сплит каде што навивачите му приредија спектакуларен дочек.
Прославениот репрезентативец првпат ќе игра во хрватското првенство, клубот го потврди тоа доцна синоќа. При првото доаѓање во Сплит како играч на Хајдук, Ракитиќ беше дочекан со пиротехнички средства, песни и скандирања.
Во кариерата Ракитиќ настапуваше за Базел, Севиља, Барселона и Ал-Шабаб, а никогаш не играл во ХНЛ. И покрај тоа што е деклариран навивач на Динамо, тој потпиша со Хајдук.