Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Предраг Мијатовиќ смета дека за Лука Модриќ е време да се повлече од фудбалот.
Капитенот на репрезентацијата на Хрватска неодамна го продолжи договорот со Реал Мадрид на уште една сезона и во новата сезона ќе биде играчот со „најдолг“ стаж на „кралевите“, па така ќе ја преземе и капитенската лента.
За неговото останување сега зборуваше Мијатовиќ кој своевремено беше играч на Реал Мадрид, а подоцна и спортски директор.
„Минатото лето исто така имаше понуди од други клубови, но остана. Ментално се припреми дека повеќе не е неизоставен дел од првиот состав. Прифаќањето на таквата ситуација го смирува него и тренерот Анчелоти. Мислам дека уште во декември ја сфати таквата ситуација и од тој момент се обидува да помогне колку што може. Не знам дали ќе игра на Светското првенство во 2026 година, со не го не можете да знаете, но смета дека е време да се повлече. Ако го направи тоа како играч на Реал Мадрид, уште подобро“, изјави Мијатовиќ.