162
Веднаш после полноќ, Хајдук лансираше мега трансфер бомба, сплитскиот клуб го потврди ангажманот на еден од најголемите хрватски фудбалери во историјата, Иван Ракитиќ.
Хајдук создава тим со кој ќе ја нападне титулата во Хрватска. Гатузо на располагање ќе има одличен ростер, а најголемата ѕвезда ќе биде Иван Ракитиќ.
„Хајдук со особено задоволство може да потврди дека Иван Ракитиќ во наредната сезона ќе го носи белиот дрес! Еден од најголемите играчи во историјата на хрватскиот фудбал, нешто пред полноќ го потпиша договорот со Хајдук кој трае до крајот на наредната сезона со опција за уште една година“, стои во соопштението на Хајдук.