162
Претседателот на Интер, Бепе Марота потврди дека нивниот најважен фудбалер, Лаутаро Мартинез го ставил потписот на новиот договор.
Долго време се одолговлекуваше продолжувањето на соработката меѓу Интер и Лаутаро, фановите на нероазурите конечно може да здивнат.
„Лаутаро Мартинез потпиша нов договор со клубот, се е завршено. Официјално ќе биде објавено во текот на следната недела“, рече Марота за „Скај Италија“.
Новиот договор на Лаутаро е до јуни 2029 година со плата од 9 милиони евра по сезона плус бонуси.