Англискиот фудбалски сојуз е во потрага по нов селектор за репрезентативната клупа, откако по поразот во финалето на Европското првенство оставка си поднесе Герет Саутгејт. По две загубени финалиња во низа, Саутгејт реши да се повлече од репрезентативната клупа.
Тоа значи дека Англичаните се во потрага по селектор, главен кандидат се споменува дека е Грем Потер, а во опсег се и имињата на Еди Хау и Маурисио Покетино.
На официјалната страница на ФА на Англија се појави и официјален оглас во кој се бара нов селектор. Распишан е јавен оглас, а заинтересираните лица можат да аплицираат како за било која друга работна позиција.
Карактеристиките кои е потребно да ги поседуваат кандидатите:
Да имаат УЕФА Про лиценца
Да имаат значително искуство во англискиот фудбал, со одличен скор во ПЛ или на меѓународна сцена
Да бидат добри лидери кои ги разбираат меѓународното фудбалско опкружување
Да се искусни во идентификација и водење, развој на англиските играчи
Да се снаоѓаат во високопрофилната улога која јавноста интензивно ја следи
Да се изгради позитивна култура во и околу тимот за високи резултати
Да има силни лични вредности и интегритет, да ја прифати улогата селектор како инспирација за нацијата