Елмас му донесе победа на Лајпциг на пријателски натпревар!

by riste
0 минути читање

Со гол на нашиот Елиф Елмас, Лајпциг го победи Бабелсберг со 1-0 во контролен меч.

Лајпциг денеска одигра пријателски натпревар против нисколигашот Бабелсберг и дојде само до минимален триумф.

Во тимот на бундеслигашот недостасуваа фудбалерите кои настапуваа на Европското првенство, Елиф Елмас беше стартер и максимално го искористи тоа.

Македонскиот фудбалер беше стрелец на единствениот гол на мечот, постигнат во текот на првото полувреме.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани